Екипата на Интерпол, составена од експерти, ќе ги поддржи локалните екипи во истрагата на местото на настанот, за експлозивните материјали, за терористичкиот акт…

(Дубаи – Портал) – Екипа од Интерпол ќе помага во истрагата на терористичките напади врз црквите и хотелите во Шри Ланка, каде што загинаа 310 лица, а повеќе од 500 лица беа повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Официјалниот портал на Шри Ланка „News.Ik“ објави дека Меѓународната криминална полициска служба (ИНТЕРПОЛ) ќе помага во истрагата за терористичките напади по барање на властите во Шри Ланка.

Екипата на Интерпол, составена од експерти, ќе ги поддржи локалните екипи во истрагата на местото на настанот, за експлозивните материјали, за терористичкиот акт и за откривање на жртвите на тероризмот и во анализата на нападот.

Екипата на Интерпол, исто така, ќе им помага на локалните безбедносни единици во откривањето на меѓународните врски на напаѓачите преку глобалната мрежа на организации и бази на податоци.

На денот кога христијаните го чествуваа католичкиот Велигден, цел на терористичките напади беа црквите „Свети Антониј“ во Кочикаде, „Свети Себастијан“ во Катана и црквата „Девица Марија“ во Батикалоа, како и хотелите со пет ѕвезди „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во градот Коломбо.

По овие напади, во предградијата на главниот град Коломбо, во хотел со три ѕвезди во близина на Зоолошката градина во Дехивала и на надвозникот Дематого, исто така имаше експлозии.

Властите во Шри Ланка објавија дека при терористичките напади животот го загубиј.

Mahir Demişoski