(Дубаи – Портал) – Според првичните неофицијални податоци за одржаните предвремени избори за градоначалникна Охрид во втор изборен круг ќе одат кандидатите на СДСМ Константин Георгиески ина ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски. Според досега избројаните гласачки ливчиња ниту еден од петмината кандидати не освоиле 50 отсто од потребните гласови, по што во овој град ќе се одржи втор круг на 5 ти мај. Во Охрид правото на глас го искористиле 28 илјади граѓани.
Милошевски од ВМРО – ДПМНЕ освои 5895 гласа, а Георгиевски од СДСМ пак освои 7011 гласа. Најмалку гласа освоил кандидатот Џемал Мена , потоа кандидатотСтевче Стевоски освоил 586 гласови,додека Михаил Трендафиловски Нанче 837 гласови. Ова се податоците од Државната изборна комисија за избројани околу 60 проценти од гласовите.
Mahir Demişoski










