Американскиот државен обвинител: Истражени десет случаеви поврзани со Трамп

0
134

(Дубаи – Портал) – Вилијам Бар пред објавувањето на ревидираниот извештај на специјалниот советник, изјави дека постои вмешаност на Русија на претседателските избори во 2016 година.

Американскиот државен правобранител Вилијам Бар, пред објавувањето на ревидираниот извештај на специјалниот советник Роберт Милер за Русија и американскиот претседател Доналд Трамп, во четвртокот рече дека нема ништо против сведочењето на Милер кон американскиот Конгрес.

Тој на прес-конференцијата во Вашингтон изјави дека Конгресот ќе може да го види целиот извештај, освен информациите поврзани со големото жири.

Обвинителот истакна дека во извештајот што треба да биде претставен пред јавноста се скриени три други видови на информации, а едни од тие информации се однесуваат на тековните судски процеси и методите на чувствителните разузнавачки извори.

Милер може лично да сведочи

Тој рече дека се надева на овозможувањето на посеопфатениот извештај до Конгресот и неговото претстојно сведочење во Капитол Хил ” ќе ги задоволи сите потреби на конгресмените во врска со информациите за истрагата на специјалниот советник”.

Бар изјави дека “нема приговор”, што Милер “лично сведочи” пред Конгресот за неговата истрага.

Агенциите наведуваат дека Милер останува вработен во Министерството за правда, и затоа Бар може да го спречи да зборува пред конгресмените.

Демократите размислуваат дека го повикаат на Милер да сведочи, но засега нема никаква официјална информација за неговото повиквуање.

Американскиот државен обвинител, исто така, рече дека претседателот Трамп не ја извршува своите извршни привилегиии према ниту една било која информација во извештајот на Специјалниот советник.

Тој наведува дека советникот во Белата куќа проверил ревидирана верзија на извештајот, пред одлуката на Трамп да не ги меша во неговите привилегии.

Бар во четвртокот објасни дека, извештајот на Милер се однесува на 10 случаеви кои се однесуваат на Трамп, кои биле истражувани како потенцијални дела на криминална опструкција на правдата.

Демократите се жалат на изјавите

Тој изјави дека Милер не дошол до “одлуката на обвинителот” и дека тој и заменик-обвинителот Род Розенштајн заклучиле дека доказите не биле доволни за да се утврди дека претседателот извршил прекршок.

Се очекува Барр наскоро да му даде на Конгресот преработен примерок од извештајот на Милер, кој го испитува можното вмешување на Русија на претседателските избори во 2016 година, како и во кампањата Трамп.

Демократите се пожалија дека прес-конференцијата на државниот обвинител била обид да се влијае на реакциите пред објавувањето на извештајот.

Mahir Demişoski