Рохани: „Причина за денешните проблеми се империјализмот на САД и Израел“

0
119

„Луѓето во регионот со години живееја заедно и немаше никаков проблем. Живееја братски и ги почитуваа соседските односи. Ако денес има проблем, причина за тоа се империјализмот на САД и Израел“

(Дубаи – Портал) – Иранските вооружени сили, во рамките на прославата на Денот на националната армија, одржаа воени паради низ целата земја, јавува Anadolu Agency (AA).

По повод 18 април – Националниот ден на иранската армија, пред мавзолејот на револуционерниот лидер од 1979 година, ајатолахот Рухолах Хомеини, во главниот град Техеран се одржа воена парада на која присуствуваа претседателот Хасан Рохани и високи воени претставници.

Рохани во својот говор, наведувајќи дека САД и Израел претставуваат закана за безбедноста во регионот, истакна: „Луѓето во регионот со години живееја заедно и немаше никаков проблем. Живееја братски и ги почитуваа соседските односи. Ако денес има проблем, причина за тоа се империјализмот на САД и Израел.“

Рохани, истакнувајќи дека САД се против зајакнување на земјите од регионот, додаде: „САД не ги сакаат земјите кои не се предаваат и го чуваат својот суверенитет. Дојдете заедно да соработуваме и да го исчистиме регионот од окупаторите.“

Истовремено со воената парада во Техеран, паради се одржаа и во другите покраини.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп, на 8 април соопшти дека Војската на Иранската револуционерна гарда е ставена на листата странски терористички организации на САД, а како одговор на тоа, Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека ја ставила американската Централна команда (CENTCOM) на листата на терористички организации.

Mahir Demişoski