Уставниот суд на Пакистан ја отфрли жалбата на ФЕТО

0
105

Уставниот суд на Пакистан го одби барањето за преиспитување на одлуката со која образовните установи во таа земја поврзани со терористичката органицација ФЕТО се предадени на управување на турската Фондација „Маариф“, јавува Anadolu Agency (AA).

Адвокатот на Фондацијата „Маариф“, Мухамед Сухеј Саид, за АА изјави дека организацијата ФЕТО минатата година поднела барање за преиспитување на одлуката за преземањето на училиштата од страна на „Маариф“, но дека Уставниот суд на Пакистан го отфрлил ова барање.

Врховниот суд на Пакистан ја потврди претходно донесената одлука од декември 2018 година, според која ФЕТО во оваа земја е прогласена за терористичка организација. Тогаш, исто така наложи и училиштата и другите образовни институции кои се поврзани со ФЕТО да се предадат во надлежност на Фондацијата „Маариф“, која основаше училишта и образовни центри во странство.

Судот во Пакистан му наложи на Министерството за внатрешни работи, „Pak-Turk International Cag Education Foundation“ (PTICEF) – групата поврзана со ФЕТО, која управува со училиштата во Пакистан, да се прогласи за забранета организација и нејзиното име да се стави на листата на терористички организации.

На надлежните органи им е наложено, целиот движен и недвижен имот, сопственост на организацијата поврзана со ФЕТО, да ѝ биде префрлен на Фондацијата „Маариф“.