Фондацијата Дијанет во Калково – валандовско постави камен темелник на нова џамија

0
143

Во селото Калково, Валандовско во југоисточниот дел на  Мекедонија, денес со свеченост беше отворена просторијата за курс по Куран изграден од Истанбулската филијала на Фондацијата Дијанет од Турција, исто така беше поставен и камен темелник за изградба на џамија во селото Калково.

Изградбата на џамијата е помогната од фамилијата Куј од Истанбул.

На цеременијата на отворањето на курсот по Куран и на поставен е камен темелник за изградба на џамијата во село Калково, Валандовско присуствуваа амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, советнкот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје Муртат Алкан, општински муфтија на Истанбул проф.д-р. Хасан Камил Јилмаз, директорот на „Халк Банк” во Северна Македонија Билал Суџубаши, директорот на Институтот „Јунус Емре” Скопје Серхат Кула, директорот на Турската Фондација „Мариф” Мустафа Дилиоглу, претседателот на Турската демократска партија (ТДП, Бејџан Илјас, пратеникот во Собранието на Северна Македонија Јусуф Хасани, претседателот на Асоцијацијата на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов и представници на турските институции во Македонија.

Потсетуваме:

Џамијата во Валандовското село Калково, или позната како Калковска џамија представува џамија која од своето постоење се гради по втор пат.

Станува збор за џамија која за прв пат беше урната (срушена) од страна на тогашната власт на 04.06. 1996 година, за подоцна со помош на мештаните на ова село и муслиманите низ цела Македонија по изминати неколку години повторно да се изгради во 1997година.

Денес на 12.4.2019 ова џамија го доживува своето повторно раѓање.

Претходнатра стара џамија започна да се урива на 19.март 2019 година.

Колку за потсетување, селото Калково брои 95 куќи, или вкупно околу 450 жители, сите припадници на исламската вероисповед.