(Дубаи – Портал) – За Дурмуш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, како и за директорот и возачот на автобусот,. се бара продолжување на притворот од страна на скопското обвинителство за дополнителни 30 дена, објави 1ТВ.
Продолжување на оваа мерка следи по изминувањето на првите 30 дена откако јавното обвинителство ги соопшти деталите од истрагата.
Сега на потег е судот кој треба да одлучи дали да ги продолжи мерките на ОЈО Скопје што денеска ги бара.
Во домашен притвор се уште тројца вработени во „Дурмо Турс“, како и гостиварскиот техничкиот центар за преглед на возила, кој исто така е во сопственост на Белули. Во истрагата на скопското обвинителство шестмина се осомничени за сообраќајната несреќа. Против едно лице остануваат да важат мерките за претпазливост, односно да не може да го напушти градот Гостивар, кое не е опфатено во истрагата.
Во февруари на патот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци се преврте автобусот на гостиварската компанија при што загинаа 15 патници, а другите беа тешко повредени.
Mahir Demişoski











