(Дубаи – Портал) – Тројца мажи во вторникот го ограбија авионот на „Австрија ерлајнс“ во моментот кога тој требаше да полета од Тирана за Виена, а еден од крадците беше убиен, соопшти полицијата.
Според локалните медиуми, вредноста на украдените пари се проценува на 2,5 до 10 милиони евра. Тоа се парите што странските банки ги префрлаат од Албанија во Виена, а во последните три години се случија најмалку два слични грабежа.
Во текот на ноќта полицијата објави дека привела четворица мажи на испитување.
Тројца крадци маскирани во војници влегле во аеродромот „Мајка Тереза“ на влезот резервиран за пожарникарите и ги украле парите за време на нивниот трансфер во авионот.
Полицијата тргнала во потрага по крадците и на еден километар од аеродромот дошло до престрелка, во која еден човек бил убиен.
Mahir Demişoski











