„Во Триполи речиси половина милион деца се директно изложени на ризик“

0
121

„УНИЦЕФ ги потсетува сите страни дека треба да се воздржат од сериозни прекршувања на правата на децата, притоа да не бидат регрутирани и да не бидат користени во судирите“.

(Дубаи – Портал) – Фондот на Обединетите нации за помош на децата (УНИЦЕФ) соопшти дека околу половина милион деца се директно изложени на ризик поради насилните судири во Триполи меѓу војската на Владата на национално помирување на Либија и силите на генерал Халифа Хафтар, јавува Anadolu Agency (AA).

Специјалниот претставник на УНИЦЕФ за Либија, Абдурахман Гандур, даде писмено соопштение во кое информира дека последните неколку дена во Триполи се интензивирани судирите и додаде: „Речиси половина милион деца во Триполи и уште десетици илјади деца од западните подрачја се директно изложени на ризик поради интензивирањето на судирите“.

Гандур ги покани страните учеснички во судирот, според меѓународното право за човекови права, децата да ги држат понастрана од судирите и да ги заштитат. „УНИЦЕФ ги потсетува сите страни дека треба да се воздржат од сериозни прекршувања на правата на децата, притоа да не бидат регрутирани и да не бидат користени во судирите“.

Гандур истакна дека со цел да ги задоволи потребите на децата и нивните семејства, решил да остане на теренот во Триполи.

Генерал Халифа Хафтар, командант на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април ги започна операциите за преземање на Триполи, по што дојде до сериозни судири во Триполи и неговата околина меѓу силите на Хафтар и претседателот на Владата на национално единство на Либија, Фајиз Ал Сараџ.

Воените авиони на силите на Хафтер синоќа спроведоа акции во Триполи, за првпат напаѓајќи го единствениот цивилен аеродром „Митига“.

Специјалниот претставник на ОН во Либија, Гасан Селаме, за нападот врз аеродромот рече дека претставува „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“.

Mahir Demişoski