Нетанјаху најави победа и формирање на нова влада

0
123

(Дубаи – Портал) – Според преброените гласови партијата на Нетанјаху, Ликуд освои 35 места во Кнесетот, додека партијата Сината и бела партија на поранешниот генерал Бени Гантц доби 34 пратеници. Ова би било петти по ред мандат за Нетанјаху.

Тој исто така најави формирање на десничарска влада.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху се прогласи за победник на парламентарните избори вчера вечер, бидејќи обновените анкети и раните резултати покажуваат на негова победа, а тој веќе најави формирање на нова влада.

“Јас сум многу среќен вечерва”, им рече тој на радосните поддржувачи. “Ова е неверојатна ноќ, неверојатна победа”.

Mahir Demişoski