„Некои од членките на НАТО ги поседуваат системите „S-400“. Да се поседува некој систем за противвоздушна одбрана не е во спротивност со членството во НАТО“
(Дубаи – Портал) – „Доколку Соединетите Американски Држави (САД) и понатаму не ни го продаваат „Патриот“, Турција ќе набави и втор „S-400“ или некој трет систем за противвоздушна одбрана“, изјави во Анкара турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу потсети дека некои од членките на НАТО ги поседуваат системите „S-400“.
„Некои од членките на НАТО ги поседуваат системите „S-400“. Да се поседува некој систем за противвоздушна одбрана не е во спротивност со членството во НАТО“, рече турскиот министер.
Во врска со набавката на авионите „F-35“ од САД, Чавушоглу истакна дека Турција ќе набави воени авиони со слични карактеристики од друго место доколку тоа не биде остварено со планираното купување од американскиот произведувач.
„Ќе бидеме во ситуација да ги набавиме авионите на друго место, сè додека не бидеме во можност сами да ги произведуваме“, додаде Чавушоглу.
Mahir Demişoski









