„Предвидуваме дека заедно со новата структура, за 5 години средствата акумулирани во системот ќе го зголемиме националниот приход за повеќе од 10 отсто“, изјави Албајрак.

(Дубаи – Портал) – Турскиот министер за трезор и финансии Берат Албајрак најави сет структурни реформи во економијата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Албајрак рече дека реформата почнува од секторот банкарство.

„Ќе направиме некои чекори во областа на реалниот сектор, со цел да се осигура поздраво функционирање на финансискиот сектор“, изјави Албајрак.

„Ќе одредиме нов индивидуален пензиски систем според нивото на доход на граѓаните”, рече турскиот министер за трезор и финансии.

„Предвидуваме дека заедно со новата структура, за 5 години средствата акумулирани во системот ќе го зголемиме националниот приход за повеќе од 10 отсто“, додаде тој.

„Проектот на национално единство во земјоделството ќе биде нашата најзначајна структурна реформа во борбата против инфлација во храна”, истакна Албајрак.

Mahir Demişoski