Апел на турската хуманитарна организација ИХХ за помош во брашно за Сирија

0
203

„Во Сирија има многу голема потреба за леб. Во последно време, со намалувањето на донациите нашите резерви за брашно многу се намалија. Некои пекарници се пред затворање“

(Дубаи – Портал) -Турската хуманитарна фондација ИХХ истакна дека со намалувањето на донациите за Сирија, почнале да се намалуваат и резервите на брашно, додека пекарниците за леб кои ги поддржувале, се пред затворање, јавува Anadolu Agency (AA).

Серкан Октем, координаторот на ИХХ за Сирија, во градот Килис, за дописникот на АА истакна: „Во Сирија има многу голема потреба за леб. Во последно време, со намалувањето на донациите нашите резерви за брашно многу се намалија. Некои пекарници се пред затворање.“

Октем истакна дека лебот кој се произведува во пекарниците изградени во Килис, во подрачјето на Рејханли, Хатај, и во многу области на Сирија се дистрибуираат во регионот ослободен во офанзивата „Штитот на Еуфрат” и во бегалските кампови во Идлиб.

Потсетувајќи дека луѓето во Сирија не можат да ги обезбедат основните потреби за живот, истакна: „Во Сирија се случува една голема драма. Освен храната, здравствените потреби и домувањето претставуваат голем проблем за населението.“

Октен, повикувајќи на итна помош за брашно во Сирија, рече: „Сакаме нашиот народ кој е хуман, да биде чувствителен кон ова прашање. Сакаме сите здруженија да направат сѐ што е во нивни раце да стигнат до угнетените луѓе во Сирија.“

Турската хуманитарна фондација ИХХ своите хуманитарни активности за помош во Сирија ги спроведува од самиот почеток на граѓанската војна.

Mahir Demişoski