Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, по 6 месеци од убиството на Кашоги истакна дека се воведени санкции за 16 државјани на Саудиска Арабија, поврзани со убиството.
(Дубаи – Портал) – Американскиот Стејт департмент, во име на државниот секретар Мајк Помпео, објави соопштение за 16 државјани на Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денеска државниот секретар, Мајк Помпео, објави дека долунаведените лица кои имале улога во убиството на Кашоги се наоѓаат на листата на санкции на САД“, пишува во соопштението.
За следните 16 лица, државјани на Саудиска Арабија, воведена е забрана за влегување во САД.
Покрај поранешниот советник на престолонаследникот, принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Селман, Сауд ал Катхани, на листата се наоѓаат:
Махе Мутреб, Салах Тубаиги, Месхал Албостани, Наиф Аларифи, Мохамед Алзахрани, Менсур Абахусаин, Калид Алотаиби, Абдулазиз Алхавсави, Валид Алсехри, Тхар Алхарби, Фахад Албалави, Бадр Алотаиби, Мустафа Алмадани, Саиф Алкахтани и Турки Алсехри.
Во соопштението се истакнува дека на американскиот државен секретар му се дадени овластувања за воведување забрана за влез на странски владини претставници во САД, кога за тоа има доволни и сигурни извори дека имаат извршено „сериозни прекршувања на човековите права“ и „корупција“.
– Санкции по 6 месеци од убиството
Забраната за влез во САД на Стејт Департментот е донесена 6 месеци по убиството на Џамал Кашоги, во Конзултатот на Саудиска Арабија во Истанбул, на 2 октомври 2018 година.
На листата од 16 лица објавена од американскиот Стејт Департмент, привлече внимание тоа што нема едно лице од листата на Министерството на финансии на САД што ја објави минатата година во ноември.
Генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мухамед ел Катиби, иако се наоѓа на листата на санкции на Министерството за финансии, не се наоѓа на листата за санкции од страна на Стејт Департментот.
Стејт Департментот не даде објаснувања зошто ваквата одлука е донесена сега.
– Листата на санкции од страна на Министерството за финансии
Американското Министерство за финансии минатата година во ноември воведе санкции за 17 граѓани на Саудиска Арабија, кои имале улога во убиството на Џамал Кашоги, во рамките на „Законот Магнитски“.
Покрај поранешниот советник на престолонаследникот, принцот на Саудиска Арабија, Сауд ал Катхани и генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мухамед ел Катиби, на листата санкционирани Саудијци се најдоа и Махе Мутреб, Салах Тубаиги, Месхал Албостани, Наиф Аларифи, Мохамед Алзахрани, Менсур Абахусаин, Калид Алотаиби, Абдулазиз Алхавсави, Валид Алсехри, Тхар Алхарби, Фахад Албалави, Бадр Алотаиби, Мустафа Алмадани, Саиф Алкахтани и Турки Алсехри.
Според одлуката за санкциите, на овие лица им се замрзнува целиот имот во САД и им се забранува воспоставување на трговски односи со државјаните на САД.
Одлуката за американските санкции следуваше 45 дена по убиството на Кашоги.
Mahir Demişoski










