„Откако Изборната комисија ќе ги разгледа барањата и жалбите, верувам дека ќе бидат отворени и голем број истраги“
(Дубаи – Портал) – Заменик-претседателот на турската владејачка Партија за правда и развој (АK Parti), Али Ихсан Јавуз, денеска во Анкара изјави дека таа партија ќе бара повторување на локалните избори во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетувајќи дека таа партија до Врховната изборна комисија на Турција (YSK) претходно упатила повеќе жалби за изборниот процес во Истанбул, Јавуз изјави дека АК Партијата ќе бара повторување на изборите на ниво на Истанбул.
„Покрај тоа, откако Изборната комисија ќе ги разгледа барањата и жалбите, верувам дека ќе бидат отворени и голем број истраги“, додаде Јавуз.
Mahir Demişoski









