„Чекорите кои ги преземаме со Русија, во Сирија, се многу важни“

by Administrator

Турскиот претседател престојува во посета на Русија, во рамките на која оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

(Дубаи – Портал) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека чекорите што ги направи Турција, и кои во иднина ќе ги направи со Русија, се многу важни, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот претседател престојува во посета на Русија, а во Москва оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Важни се и чекорите кои досега ги направивме во координација (со Русија), против терористичките активности во регионот“, нагласи Ердоган.

Тој на почетокот на средбата истакна дека во рамки на осмиот состанок на Високиот совет за соработка меѓу Турција и Русија ќе одржат стратешки средби во политичката, воената, трговската област, како и на полето на културата.

Турскиот претседател истакна дека денеска ќе имаат интензивни средби било за билатерални, било за регионални теми.

Според него, ќе бидат потпишани три договори, со кои ќе се направат чекори кон иднината.

Ердоган истакна дека е забележан раст од 15 отсто во обемот на трговската размена со Турција.

„Нашата цел е да одиме кон нашата цел од 100 милијарди долари која ја утврдивме порано. Морскиот дел од „Турски тек“, во врска со природниот гас, е завршен. Другите чекори се прават според планираното. Нашата цел е да ги завршиме во ист датум“, додаде тој.

„Исто така, важни се и чекорите кои досега ги направивме во координација (со Русија), против терористичките активности во регионот“, нагласи Ердоган, и додаде:

„Чекорите кои ги направивме и ќе ги направиме (со Русија), особено во Сирија, се многу важни. Верувам дека нашиот денешен осми состанок на Високиот совет за соработка има големо значење во оваа насока. Исто така, важни се и средбите што ќе ги направат нашите министри“.

Ердоган на средбата е придружуван од делегацијата составена од турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, и министерката за трговија, Рухсар Пекџан.

Mahir Demişoski

You may also like