(Дубаи – Портал) – Ердоган од Русија изјави: Сé што прави Нетанјаху е спротивно на меѓународното право
Турскиот претседател Ердоган е во официјална посета на Москва денес, каде што ќе се состане по трет пат оваа година со рускиот колега, Владимир Путин
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Западниот Брег е палестинска територија а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги крши меѓународно-правните норми.
Пред да полета на истанбулскиот аеродром Ататурк, Ердоган рече дека Турција и Русија спроведуваат интензивна соработка и постојано ги подобруваат односите во сите области.
Ердоган и Путин во Москва ќе разговараат за низа билатерални и регионални прашања, вклучително и ситуацијата во Сирија, разурната од војната. Визната либерализација.
Лидерите, исто така, ќе претседаваат на 8-тата седница на Високиот совет за меѓудржавен соработка.
Ердоган денеска ја осуди неодамнешната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пресрет на парламентарните избори, кој дека анексија на окупиранито Западен Брег, во пресрет на изборите кои ќе се одржат утре во Израел.
“Западниот брег е апсолутна палестинска територија. Сите потези на Нетанјаху се спротивни на меѓународното право”, рече Ердоган.
Кога го прашааа за локалните избори минатата недела во Турција, Ердоган рече дека владејачката Партија на правдата и развојот (АК) апелираше до Врховната изборна комисија на изборниот процес во Истанбул за позицијата градоначалник.
Тој рече дека изборниот процес е завршен и сега е во тек судскиот процес.
Mahir Demişoski











