Турските бизнисмени основале повеќе од 2.000 компании
(Дубаи – Портал) – Повеќето компании се концентрирани на црногорскиот брег, особено во Будва, како и во главниот град – Подгорица (Anadolu.ba)
Инвестициите од Турција во Црна Гора се зголемуваат од година во година, а покрај тоа, се зголемува и бројот на бизнисмени од Турција, кои започнаа со бројни работни места во Црна Гора.
Во моментов, на територијата на Црна Гора работаaт повеќе од 2.000 компании, чии основачи се турски државјани.
Повеќето компании се концентрирани на црногорскиот брег, особено во Будва, како и во главниот град – Подгорица.
Расте итнересот за инвестирање на турски бизнисмени во Црна Гора од ден за ден, рече Ертгак Гунгор – претседател на Здружението нан турски бизнисмени и инвеститори во Црна Гора.
“Кога пред две години дојдов во Црна Гора имаше околу 250 турски компании. Сега тој број, има повеќе од 2.000 компании. Секој ден се зголемува интересот на турските инвеститори и бизнисмени да дојдат во Црна Гора”, вели Гунгор.
Тој истакна дека влезот на Црна Гора во НАТО, го зголеми и зајакна инвестириањето на турските бизнисмени.
Тој исто така надополни дека турските бизнисмени најмногу инвестирале во граѓевинскиот сектор.
“На прво место е градежништвото, потоа туризмот, додека другите сектори се на трето место. Ние не сме само за одредени сектори, туку целта е да се отворат поголеми фабрики и да се намали бројот на невработени”, рече Гунгор.
Тој ги советува турските бизнисмени дека пред да дојдат во Црна Гора да го испитаат пазарот, каде што сакаат да го инвестираат својот капитал, а исто така очекуваат доаѓање на сериозни компании од Турција за наредниот период.
“Има информации дека две турски компании се заинтересирани за Аеродром Црна Гора”, рече Гунгор.
Од големи инвестиции од Турција во Црна Гора работи Toščelik компанија, која управува со железаријата Nikšić, како и компанијата Global portsа, која работи на терминалот на контејнери и општи товар во пристаништето во Бар.
Исто така, пред некое време отворени се објекти на турските брендови Dogtash и LC Waikiki.
Mahir Demişoski








