Американските војници се повлекуваат од Либија, поради обновените судири меѓу завојуваните страни.

0
102

(Дубаи – Портал) – Командантот на американските сили за Африка, генерал Томас Валдхозер, денеска изјави дека припадниците на вооружените сили привремено ќе ја напуштат Либија поради обновените судири меѓу завојуваните страни.

Валдхозер нагласи дека безбедносната ситуација на теренот во Либија е комплицирана и непредвидлива.

Тој не соопштил каде ќе бидат преместени американските војници.

Генерал Халиф Хафтар, лидерот на меѓународно непризнаената администрација во Либија, пред три дена им наредил на своите трупи да се упатат кон Триполи, кој е под контрола на силите лојални на премиерот Фајез ел-Сераџ.

Mahir Demişoski