Хафтар: Сите авиони што летаат над Триполи, ќе бидат соборени

0
166

(Дубаи – Портал) – Од логорот командантот Халиф Хафтар предупредија дека за време на операцијата, сите авиони што летаат над главниот град на Либија ќе бидат уништени.

Најмалку 14 војници лојални на командантот Халифа Хафтар беа убиени во судирите кои кои веќе два дена се водат во либискиот главен град Триполи.

Либискиот воен командант Халифа Хафтар во четвртокот издаде наредба, силите лојални на својот логор да маршираат низ Триполи, главниот град на Либија, кој е под контрола на Владата на националниот консензус, кој е поддржан од страна на Обединетите нации.

Ахмед Месмар, гласноговорникот на Хафтаровата национална армија на Либија (ЛНА) предупреди синоќа дека сите авиони кои ќе летаат во регионот ќе бида соборени.

Гласноговорникот не ја откри моменталната ситуација на теренот, но према претходните информации знаеме дека Хафтар ја презеде контролата на аеродромот, како и неколку периферни места во Триполи.

Либија стана место на длабока полтичка и безбедносна криза уште од 2011 година, од пред и после смрта на Муамер Гадафи. Од тогаш, паралелната влада ја има власта со седиште во Триполи,Тобрук, и Ал Баида, каде имаат одвоени парламенти и вооружените сили.

Во крајот на 2015 година, претставници на паралелно либиската влада под покровителство на Обединетите нации, потпишаа договор за формирање влада на национален консензус.

Планот беше владата да ја преземе власта во земјата и да ги објави парламентарните избори во рок од 12 месеци. Поради континуираните несогласувања, планот не е целосно имплементиран, а Либија сé уште е далеку од безбедна и политички стабилна земја.

Mahir Demişoski