Едно лице мртво, четири ранети во синоќешниот вооружен напад во Данска
(Дубаи – Портал) – Во вооружениот напад кој се случи синоќа во Данска, поточно во населбата Рунгштед, општина Хорсхолм – Копенхаген, према последните информации дознаваме дека едно лице почина, а четири се повредени.
Во соопштението на полицијата на Северен Сјеланд, се наведува дека нападот се случил синоќа во 18:30 часот.
Во нападот настрада 20- годишно дете, а ранети се четири лица на старост помеѓу 20 и 27 години.
Припадниците на безбедносните сили превзедоа акции во неколку градови, меѓу кои и Хундиге. Во акцијата на безбедносните сили приведени се 14 лица.
Истрагата за нападот е во тек, а најголема веројатност е дека вооружениот напад го изведоле локални банди.
Mahir Demişoski










