Петарда на Баерн во дербито против Борусија

0
10

Кој знае како ќе се одвиваа работите на теренот доколку Махмуд Далуд ја погодеше мрежата на Баварците, ама за жал навијачите на Борусија, топката ја погоди стативата.

Само три минути подоцна Баерн поведе со 1:0, а стрелец беше Матс Хумелс. Веќе вп 17.минута беше 2:0, откако играчот на гостите Загаду направи катастрофална грешка и му ја подари топката на Левандовски кој преку прекрасен погодок и го зголеми водството.

Во 41.минута Хави Маринез погаѓа за 3:0, а само две минути подоцна Гнабри постигна за високи 4:0 за Баерн.

И во продолжението Баерн доминираше на теренот, ама успеа да постигне само еден гол, а стрелец повторно беше Левандовски кој во 89 минута погоди за конечни и високи 5:0.

Така Баерн после ова победа ја презеде лидерската позиција на табелата и сега има 64 бода, додека Борусија има 63.