Големиот критичар на Светска Банка стана нејзин претседател

0
163
epa05657215 Economist David Malpass takes an elevator at Trump Tower for a reported meeting with US President-elect Donald Trump in New York, New York, USA, 02 December 2016. EPA/JUSTIN LANE / POOL

(Дубаи – Портал) – Дејвид Малпас, официјален претставник на американското Министерство за финансии кој го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп, беше избран за претседател на Светската банка.

Неговиот избор беше едногласно потврден од 25 членови на Извршниот одбор на Светската банка и Малпас следниот вторник ќе го започне петгодишниот мандат и ќе го замени поранешниот директор Џим Јонг Ким, кој оваа година порано поднесе оставка, три години пред крајот на мандатот, објави AP.

Во администрацијата на Трамп, Малпас вршеше функција на потсекретар за меѓународни работи во Министерството за финансии и беше долгогодишен критичар на Светската банка и нејзините сестрински организации за кредитирање – Меѓународен монетарен фонд.

Меѓутоа, во рамките на своето министерство, Малпас минатата година помогна на Светската банка да обезбеди поддршка од 13 милијарди долари, наведува агенцијата.

Mahir Demişoski