За една година, Јувентус профитира 515 милиони евра од Роналдо

0
235

Јувентус од продажбата на влезниците на натпреварите минатата сезона заработи 47 милиони евра. Оваа сезона, иако таа сѐ уште не е завршена, заработката од влезниците за црно-белите е зголемена.

(Дубаи – Портал) – Повеќекратниот последователен фудбалски првак Јувентус, на почетокот од сезоната од Реал Мадрид го донесе Португалецот Кристијано Роналдо. Јувентус за отштета и четиригодишна плата на Португалецот издвои 340 милиони, но неговата заработка од трансферот на Роналдо за една година ќе изнесува 515 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според извештајот кој го објави KPMG Football Benchmark, Јувентус за отштетата и четиригодишната плата на Португалецот Роналдо издвои 340 милиони евра. Сепак, податоците покажуваат дека Јувентус од Роналдо профитирал повеќе.

Јувентус од продажбата на влезниците на натпреварите минатата сезона заработи 47 милиони евра. Оваа сезона, иако таа сѐ уште не е завршена, заработката од влезниците за црно-белите е зголемена на 70 милиони.

Кога станува збор за телевизиските права на Јувентус, минатата година заработил 200 милиони евра, додека оваа година овој износ е поголем од 45 милиони.

Дека Роналдо е полн погодок за Јувентус, покажуваат и податоците за популарноста на италијанскиот клуб на социјалните мрежи. По доаѓањето на Роналдо, профилот на Јувентус на социјалните мрежи го следат додатни 50 милиони корисници.

Италијанскиот клуб очекува дека до крајот на годината само од трансферот на Роналдо ќе оствари профит во вредност од 515 милиони евра.

Mahir Demişoski