(Дубаи – Портал) – Средбата во Белата куќа траела приближно 40 минути и поминала во продуктивна атмосфера,м додека на дневен ред биле поставени последните случувања во турско-американските односи.
Министерот за надворешни раоти Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Вашингтон во САД каде што престојува по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на НАТО, во Белата куќа се состана со Џон Болтон, Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што се истакнува, средбата траела приближно 40 минути и поминала во продуктивна атмосфера.
На дневен ред на средбата биле поставени последните случувања во турско-американските односи.
Инаку, Чавушоглу во рамките на својата дводневна посета на Вашингтон и неговата програма овде учествуваше на различни манифестации по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на НАТО, на чело со состанокот на министрите за надворешни работи на Сојузот, а освен тоа се состана и со својот американски колега Мајк Помпео, а имаше средби и со свои колеги министри за надворешни работи на голем број други земји, меѓу кои беше и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров.
Mahir Demişoski









