Брунеи: Султанот одреди каменување до смрт на хомосексуалците, со цел да се зајакне Исламот во земјата

0
118

(Дубаи – Портал) – Брунеи, мала земја во Југоисточна Азија која направи големи чекори за подобрување на човештвото. Султанот Хасанал, одлучи да казни за сексуален однос помеѓу двајца мажи со каменување до смрт. Новите мерки за стапија на сила пред два дена, и покрај смртната казна за хомосексуалците, исто така се предвидува отсекување на екстремитетите за оние кои вршат кражба.

Овој потег предизвика осуда ширум светот, но на султанот од Брунеи, Хасанал Болкиах изјави дека, нивната намера е да се “зајакне сфаќањето на исламот во земјата.”

Хомосексуалноста во Брунеи беше незаконска до сега и секој еден беше казнуван со затвор до 10 години. Сега е изречена смртна казна што ќе биде извршена ако хомосексуалец признае дека се вклучи во сексуални односи со лице од ист пол или ако тој однос го виделе четворица сведоци, објави ББС.

Брунеи, под раководство на 72-годишниот Султан Хасанал, го збогати извозот на нафта и гас. Султанот, исто така, работи и со главната инвестициска агенција и земјата која поседува некои од најдобрите хотели во Лондон, Париз и Лос Анџелес.

Mahir Demişoski