Истанбул: Доцна по полноќ преселба на аеродромот „Ататурк“

0
130

На аеродромот „Сабина Ѓокче“ преземени се превентивни мерки поради интензитет до кој е можно да дојде поради преселувањето на аеродромот „Ататурк“, јавува Anadolu Agency (AA).

Големото преселување на аеродромот „Ататурк“ на аеродромот „Истанбул“ ќе започне на 5 април во 3:00 часот по полноќ по локално време и ќе заврши за период од 45 часа, на полноќ, на крајот од 6 април.

За да се спроведе планираното преселување, на 6 април од 2:00 до 14:00 часот, сите редовни линии од аеродромите „Ататурк“ и „Истанбул“ ќе бидат затворени.

Во тој период, за да може патниците да ги остварат своите патувања, летовите ќе бидат пренасочени кон аеродромот „Сабина Ѓокче“. Преземени се голем број мерки, со цел патниците да не останат заглавени на овој аеродром и летовите да се спроведат без никаков проблем.

– „Очекуваме 1.400 авиони“

Оперативниот директор на аеродромот „Сабина Ѓокче“, Ѓоксу Ѓунеј, информираше дека во периодот од 5 до 6 април, на аеродромот очекуваат вкупно 1.400 авиони. Осврнувајќи се на можниот зголемен интензитет на летови на аеродромот „Сабина Ѓокче“, директорот Ѓунеј информираше дека се преземени сите мерки за решавање на зголемениот интензитет на летови на овој аеродром, додавајќи дека преку својот интернет-сајт и социјалните мрежи, дале информации за зголемениот број летови и патници.