Лидерот на меѓународно непризнаената администрација во Либија, Калифа Хафтар, денес им наредил на своите војници да тргнат кон главниот град Триполи, кој е под контрола на силите лојални на премиерот Фаес ал-Сера.
Хафтар објави повик во видео со наслов “Операција ослободување на Триполи”, објави Ројтерс.
Командантот на источните либиски сили лојален Хафтар претходно изјавил дека неговите војници денес воспоставиле целосна контрола над градот Гарјан, околу 100 километри јужно од главниот град Триполи.
Либија после соборувањето од власт и свирепото убиство на лидерот на Муамер Гадафи поделена е на меѓународно признаена влада во Триполи предводена од премиерот Серај и паралелна администрација на лојалниот Хафтар, за која се бори Либиската национална армија (ЛНА).
Градот Гарјан беше лојален на владата во Триполи.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутеррес, е во Триполи, во обид да започне меѓународен мировен договор и требало да даде изјава. Тој претходно ги повика спротивставените либиски страни да се воздржат од нови воени конфликти.











