Европскиот суд за човекови права одби 32 тужби против Турција

0
138

До Европскиот суд поднесени се вкупно 34 тужби против Турција, а кои се однесуваат на забраната за излегување на улиците и на антитерористичките акции на подрачјата.

(Дубаи – Портал) – Европскиот суд за човекови права отфрли 32 тужби против Турција поради забрана за излегување на улиците од 2015 и 2016 година во Џизре, Сур и Силопи, јавува Anadolu Agency (AA).

Судот едногласно ги отфрли тужбите, сметајќи ги за неосновани.

До Европскиот суд поднесени се вкупно 34 тужби против Турција, а кои се однесуваат на забраната за излегување на улиците, и антитерористичките акции на подрачјата на Источна и Југоисточна Анадолија во периодот 2015 – 2016 година. Во тужбите беше наведено дека се прекршени одредени права, меѓу кои се правото на слободата и безбедноста.

Претходно се разгледани две тужби, а по рочиштето одржано на 13 ноември 2019 година во Стразбур, одлука е донесена на 29 април 2019 година во која се вели дека тужбите се неосновани.

Во одлуката е речено дека подносителите на тужбите требало своите права прво да ги бараат пред турските судови, а потоа пред Европскиот суд за човекови права.

Mahir Demişoski