(Дубаи – Портал) – Граѓаните кои користат парно греење – ќе треба да постават калориметри, но од надлежната регулаторна комисија со порака до Владата да најде начин како овој трошок да не падне целосно на товар на граѓаните или пак да се најдат олеснителни околности.
– „РКЕ останува на ставот кај приклучените потрошувачи да започнат да се поставуваат соодветни уреди односно калолиметри. Притоа ги повикуваме операторот на дистрибутивниот систем, Владата и Градот Скопје да изнајдат соодветни механизми, овие трошоци за приклучените потрошувачи да се намалат делумно или да им се овозможи да го платат трошокот на рати. Очекуваме дека тој што ќе набави поголеми количини калолиметри. ќе даде можност овој трошок да се подели најмалку на 12 рати“ – изјави Марко Беслимовски, претседател на РKЕ.
Дополнително, се разгледуваат и нови мрежни правила за електродистрибутивната мрежа, кои треба да овозожат побрзо издавање на согласностите за приклучок, но и да ја намалат цената за приклучок.
– „Досега беше 500 евра, а сега очекуваме да биде околу 400 евра за приклучкот на електродистрибутивната мрежа за домаќинствата“ – изјави Марко Беслимовски, претседател на РКЕ.
Претходно, Регулаторната комисија за енергетика го донесе правилникот со кој исклучените од парно греење повеќе нема да плаќаат паушал, а тврдат дека тоа нема да ги зголеми сметките на оние кои се приклучени на системот…Исто така со новите правила, ќе се забрани исклучување од системот на ранливите категории на потрошувачи во зимскиот период. А оние граѓани кои ќе сакаат да се исклучат ќе треба да добијат согласност од 50 проценти плус еден од станарите, и да имаат елаборат дека ќе се греат на поеколошко гориво, а тоа да не е електрична енергија.
Mahir Demişoski









