„Итно да ја отстраниме пречката ФЕТО меѓу нас. Што поскоро треба да се спасиме од тоа“, рече Акар.
(Дубаи – Портал) – Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, укажа на важноста на добрите односи меѓу Косово и Турција, барајќи да ја отстранат пречката ФЕТО меѓу нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар, во рамки на неговата посета на Косово, во главниот град на оваа земја, Приштина, се сретна со министерот за одбрана на Косово, Рустем Бериша.
Акар беше пречекан со воена церемонија во Министерството за одбрана на Косово, каде што беа интонирани химните на двете земји.
По церемонијата Акар и Бериша одржаа тет-а-тет средба, по која следуваше меѓуделегациска средба.
Косовскиот министер Бериша упати благодарност до Акар поради неговата посета, укажувајќи на пријателството меѓу Турција и Косово.
Бериша нагласи дека Турција е секогаш до Косово и изрази желба уште повеќе да се зголеми соработката меѓу двете земји.
Турскиот министер за национална одбрана, Акар, укажа на важноста на соработката меѓу двете земји.
Тој изрази верување дека меѓусебните посети уште повеќе ќе ги развијат добрите односи на двете земји.
Акар истакна дека треба да продолжи и да се зголеми соработката во воената, политичката и одбранбената област.
Исто така, Акар се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО.
„Итно да ја отстраниме пречката ФЕТО меѓу нас. Што поскоро треба да се спасиме од тоа“, додаде Акар.
Инаку, турскиот министер Акар вчера ја посети Северна Македонија, каде што се состана со високите претставници на оваа земја.
Mahir Demişoski










