Реакција од МНР на Турција на обидите на некои земји да интервенираат на изборните резултати

0
113

(Дубаи – Портал) – Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој предупреди дека ниту една земја нема надлежност да интервенира на изборните резултати на една друга земјаç

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој даде писмен одговор на едно поставено новинарско прашање посветено на изјавите на портпаролот на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт Паладино во врска со локалните избори во Турција кои беа одржани на 31 март, во неделата.

Аксој предупреди дека ниту една земја нема надлежност да интервенира на изборните резултати на една друга земја.

Велејќи дека Турција е демократска и правна држава во која и локалните избори на 31 март беа одржани во демократска и транспарентна средина, во мир и во спокојство, Хами Аксој рече: „Она што е суштинско е волјата на бирачите целосно да се одрази на изборните резултати и секој треба да ја почитува правната и демократската борба што се води во овие рамки.“

Портпаролот Хами Аксој ја изнесе следната констатација: „Изворот на легитимитетот на изборите, е народната волја. Високиот изборен совет е оној кој ќе утврди како е манифестирана оваа волја на гласачките кутии, ќе ги разгледа и ќе ги реши жалбените постапки. Ниту една држава, нема надлежност, спротивно на правото и демократијата, да интервенира на изборните резултати на една друга земја и притоа себеси да се смета за извор на легитимитет за тие резултати.“

„Антидемократските пристапи и навики на никаков начин не можат да ја засенчат демократската зрелост на Турција. Турскиот народ, со високиот процент на излезеност на локалните избори на 31 март,  ја презнетира својата приврзаност кон демократијата. Од друга страна, и изборот (определеноста) на турскиот народ на страната на стабилноста и довербата, е потврден со добиените резултати од гласачките кутии.“ – порача портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој.

Mahir Demişoski