И покрај тоа што прекините на електричната енергија во Венецуела од минатиот месец значително се поправија, проблемите со водоснабдувањето во Каракас и во делови од земјата продолжуваат.
(Дубаи – Портал) – Жителите на Венецуела кои не можеа да ја користат водата од градската мрежа поради прекинот на електричната енергија, се упатија кон водените извори кои се наоѓаат во парковите, градините, внатре во тунелите и по должината на автопатиштата, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај тоа што прекините на електричната енергија во Венецуела од минатиот месец, коишто Владата ги оцени како „саботажа“, значително се поправија, проблемите со водоснабдувањето преку водоводната мрежа во главниот град Каракас и во поголем дел од земјата продолжуваат.
Жителите на Каракас кои во одредени квартови веќе 2 недели не можат да си обезбедат вода, се упатуваа во парковите и градините, а некои од нив за да стигнат до водата ги кршеа цевките за одвод во тунелите.
Освен тунелите, жителите на Венецуела ги отвораа каналите за вода по должината на автопатиштата.
Една млада мајка, која го капеше своето мало дете и која не сакаше да се претстави, за дописникот на АА рече дека веќе една недела ги нема искапено своите деца.
Друг жител на Каракас истакна дека оваа вода ја користат само за хигиенски потреби, додека друга сожителка пак истакна дека таа вода мора да ја користи и кога готви.
– Прекини во електричната енергија од 18:00 до 20:30 –
Од друга страна, почна да се применува 30-дневниот план на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, по 4-те големи прекини на електричната енергија минатиот месец, кои во голема мера се поправени.
Во рамките на планот, ќе има рестрикција на електричната енергија помеѓу 18:00 и 20:30 часот во различни делови на земјата.
Во меѓувреме, повторно почна да работи метрото во Каракас, кое не обезбедуваше услуги веќе една недела, а жителите на Каракас беа приморани да пешачат.
Mahir Demişoski








