Во студијата се посочува дека смртните случаи од загадувањето на воздухот во земјата се повисоки од смртните случаи предизвикани од пушењето.
(Дубаи – Портал) – Во 2017 година 1,2 милиони луѓе ги загубија своите животи поради болести предизвикани од загадувањето на воздухот во Индија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според студијата „Глобална временска прогноза“ од Институтот за здравствени ефекти (HEI), 1,2 милиони луѓе ги загубиле своите животи поради болести предизвикани од загадувањето на воздухот во затворени и отворени простори во Индија.
Во студијата се посочува дека смртните случаи од загадувањето на воздухот во земјата се повисоки од смртните случаи предизвикани од пушењето.
Во студијата, исто така, е нагласено дека животниот век на едно дете родено во Јужна Азија, при моменталното ниво на загадување е намален за најмалку 2 години.
Главниот град на Индија, Њу Делхи, се најде на првото место на листата на 10-те најзагадени градови во светот, според Индексот на квалитетот на воздухот (AQLI) на Универзитетот во Чикаго.
Mahir Demişoski








