Алеиви за Дубаи-Портал: АК Партијата е победник на локалните избори во Турција, со освоени најмногу градови и општини

0
186

Претседателот на младината на Турската Демократска Партија на Северна Македонија(ТДП), за Дубаи – Портал, по повод на локалните избори во Турција се огласи:

Саит Алеиви: Почитувани, по завршување на локалните избори во Р. Турција, уште еднаш се потврди веќе со ред 15’та победа во избори на Партијата на Правда и Развој(АКП), со добиени 52% на ниво на Р. Турција од вкупните гласови.

При разгледување на резултатите од овие локални избори се соочуваме со една интересна, но повеќе би рекол чудна и размислувачка работа во однос на резултатите особено за Истанбул и за Анкара. Така да во Истанбул од вкупни 39 општини под градот Истанбул 24’те ги освои АКП, но изгуби во трката за градот Истанбул, ова е повеќе размислувачка, одколку реална?!

Уште по размислувачки, и по чудно е дека слично нешто се случи и во главниот град Анкара, таму од вкупно 25 општини под градот Анкара 22’те ги освои АКП, но ги изгуби локалните избори за Градот Анкара!

Па разгледувајќи ги ваквите случувања, сега е вистинско време за да се запрашеме, дали ова изгледа повеќе на голема манипулација со избори или реална слика на изборите?По мое мислење и опсервирање на ситуацијата, ова изгледа како манипулација со гласовите! Поради тоа, АКП веќе поднесе приговори во сите гласачки места во кои се воочени неправилности во изборите. Ако во текот на разгледувањето и решавањето на прашањата во однос на приговори се утврдат неправилности, мора одговорните лица од тие гласачки места да сносат консеквенции за тие неправилности, согласно владеењето на правото и правната држава во рамките на важечките правни прописи! Се со крајна цел, да волјата на народот биде потполно реално изразена во резултатите од изборите!

Овие избори се и голем удар на оние кои ја обвинуваа актуелната централна власт дека се автократи, диктатори, дека се недемократични..!! Но едно големо прашање и до нив, ако тоа беше така, и не постоеше демократија, како сега АКП како партија на актуелната централна власт е оштетена во овие локални избори со голема манипулација на гласови од политичкиот противник. Сега сакам нив да прашам кој од партиите се демократични, а кој недемократи?

Почитувани, волјата на народот беспрекорно треба да владее во секоја демократична држава! А вакви манипулации со гласовите на народот, извршена очигледно во овие избори треба стого да се осуди! Но, без сомнежи дека Р.Турција како крајно демократска држава која се води согласно владеењето на правото, убеден сум дека најуспешно ќе се справи со ова ситуација, и дека за во иднина ќе се превземат конкретни мерки за решавање на овие проблеми.

Mahir Demişoski