Наредната недела средба Ердоган-Путин во Москва

0
133

(Дубаи – Портал) Турскиот Претседателот Ердоган, на 8-ми април ќе отпатува во Москва на отворањето на Годината на култура и туризам на Турција и Русија, како и закажаниот состанок на Турско-рускиот совет за висока соработка (UDIK).

Покрај присуството на овие два настани, Претседателот Ердоган има закажано состанок со Претседателот Владимир Путин.

Оваа средба помеѓу двата Претседатели ќе биде трета по ред, од почетокот на 2019-година.

Во претходните две посети на Москва, едната на 23 јануари и 14 февруари, Ердоган со својот колега Владимир Путин разговараше на тема на билатералните односи, глобалните како и регионалните прашања, а една од главните теми беше состојбата во Сирија, додека во втората посета разговараа за начините на постигнување на решение за сириското прашање.

Mahir Demişoski