Поднесена жалба за резултатите од Истанбул и Анкара

by Administrator

(Дубаи – Портал) – Партијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, освоја најмногу гласови на ниво на цела Турија, но загуби дел од власта во поголемите градови од кои, Анкара и Истанбул.

Шефот на АК Партијата во Истанбул, Бајрам Сеночак денес изјави дека поднесал жалба на резултатите на 39 избирачки места. Тој исто така побара повторно броење со цел да се надминат и исправат грешките, и пребројат неважечките гласови.

АК Партијата исто така поднесе жалба и на резултатите од Анкара.

Кандидатот за градоначалник на Истанбул , Екрем Имамоглу отпатува за Анкара во посета на мавзолејот на основачот на секуларната турска република, Кемал Ататурк. Таму беше пречекан од голема група луѓе, кои извикуваа “Градоначалнику Екрем”

Mahir Demişoski

You may also like