Израелски сили упаднаа во комплексот Ал Акса

0
140

Израелските сили денес упаднале во џамијата Ал-Кибали во комплексот Ал-Акса во Ерусалим, соопштил палестински представник.

-Најмалку десет израелски полицајци упаднале во џамијата откако нападнале тројца стражари – потврдил Фирас ал-Дибс, портпрол на Вакуфот во Ерусалим кој се наоѓа под Јорданска управа ( задолжена за грижа над муслиманските и христијанските места во Ерусалим), во соопштение за јавноста.

-Како потврдил ал-Дибс, израелската полиција исто така приведила и двајца Палестинци во внатрешноста на комплексот кај капијата Ал-Рахма, која води до истоимената џамија.

Израелските сили во 2003 година ја затворија џамијата Баб ал-Рахма. Израелсккиот суд во 2017 година ја обнови наредбата за затварање.

Напнатоста е во пораст во Ерусалим од фебруари кога израелската полиција накратко ја затвори капијата Ал-Рахма ( сместена кај источниот зид на Стариот Ерусалим) – чекор кој предизвика бирна реакција кај палестинците.

Во два месеци од тогаш, израелските власти им забранија на бројни Палестинци вклучувајќи ги верските представници да влегуваат во комплексот Ал-Акса, кој муслиманите ширум светот го сметаат за трето најсвето место на исламот веднаш после Мекка и Медина во Саудиска Арабија.

Израел го окупира источен Ерусалим, каде се наоѓа Ал-Акса, во текот на арапско-израелската војна во 1967 година. Подоцна ја анектира таа територија во 1980 година, чекор кој не го призна меѓународната заедница.