Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган, во првото обраќање откако денес во неговата земја се оддржаа локални избори, порачал дека Партијата на правдата и развојот (АК Парти) победник е на денешните избори, ама дека треба уште многу пот да се пролее за турскиот народ.
Во Турција денес се оддржаа локални избори, на основа кои ќе бидат доделени мандати на представниците на локалните власти за наредните пет години.
Balkondayız.
Gepostet von Recep Tayyip Erdoğan am Sonntag, 31. März 2019
Ердоган во Истанбул, во првото обраќање после затворањето на избирачките места ширум Турција, изјавил дека локалните избори протекоа на демократски начин и дека турскиот народ уште еднаш, со голема излезеност, ја покажа вољата на избирачките места.
-На основа коалиција, ние со коалицијата со МХП први сме на локалните избори. Уште еднаш се поразени оние кои се обидуваа да го скараат нашиот народ и на колена да ја фрлат нашата држава – истакнал Ердоган.
Тој во таа пригода го најави најважниот програм на реформи после денешните локални избори и додал дека наредните избори во Турција ќе бидат оддржани во јуни 2023 година.
-Ќе продолжиме со борбата против тероризмот и работиме на тоа нашата земја и регионот да ги направиме оаза на мирот – порачал Ердоган и притоа додал: “ Уште многу пат е пред нас, за овој народ треба уште многу пот да пролееме“.
Ердоган потоа се упатил кон Анкара, а како што и сам најавил, вечерва во Анкара ќе го оддржи традиционалниот говор од балконот на седиштето на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) и коментира резултатите од денешните оддржани локални избори.











