Ердоган: „Турција со демократска зрелост ги заврши изборите на 31 март“

0
119

Турскиот претседател Реџеп ТаипЕрдоган изјави дека Турција со демократска зрелост ги заврши денешните локални избори, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција со демократска зрелост ги заврши изборите на 31 март“, рече Ердоган, додавајќи дека народот уште еднаш ја покажал својата волја со исклучително високата излезност на локалните избори.

„Посакувам резултатите на изборите да бидат за доброто на нашата земја, нашиот народ, нашите градови и населби“, изјави Ердоган.

„Ние како АК Партија, исто како на изборите од 3 ноември 2002 година досега, излеговме како прва партија со голема разлика“, истакна Ердоган.

„Во нашата агенда постои многу значајна програма на реформи“, рече турскиот претседател и додаде:

„Уште еднаш се поразени оние кои се обидоа да го скараат нашиот народ и на колена да ја фрлат нашата држава.”

„Овие резултати покажаа дека нашите Курдски браќа нема да ја предадат нивната волја ниту на терористичките организации, ниту на оние кои се појавија земајќи ги зад нив терористичките организации“, рече претседателот Ердоган.

Турскиот претседател најави дека вечерва во Анкара ќе го одржи традициналниот говор од балконот од седиштето на Партијата на правдата и развојот (AK Parti), каде ќе ги коментира резултатите од денес одржаните локални избори.