Голем дел од Венецуела повторно без електрична енергија

0
133

Голем дел од Венецуела по четврти пат се завитка во темнина, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Венецуела, која ја доживува својата најтешка политичка криза, вчера по четврти пат дојде до прекин на електричната енергија во голем дел од земјата. Прекинот на струјата траеше со часови.

Електричната енергија беше прекината во 19:00 часот по локално време, поради што голем дел од земјата беше завиткан во темнина, а прекинот на струјата го имаше зафатено и главниот град Каракас.

Хорхе Родригез, заменик-министерот за комуникација, култура и туризам на Венецуела, соопшти дека прекинот на електричната енергија што се случи по четврти пат во оваа земја, повторно е поради саботажа.

Првиот прекин на електричната енергија во Венецуела се случи на 7 март. Вториот прекин на електричната енергија се случи на 25 март и траеше 2 дена. Претседателот Николас Мадуро имаше соопштено дека причина за долгочасовниот прекин на електричната енергија во земјата е саботажата извршена од снајперист кој стрелал врз уредот за пренос на електричната енергија во најголемата електрична централа „Гури“ („Guri“), предизвикувајќи пожар.

Во петокот вечер се случи третиот прекин на електрична енергија и траеше околу 7 часа.