Започна процесот на гласање на локалните избори во Турција за избирање на локалните раководители кои ќе добијат мандат од 5 години, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешните избори околу 57 милиони и 58.636 гласачи ќе гласаат на 194.390 гласачки места.
Според одлуката на Високиот изборен совет на Турција (ЈСК), на овие избори ќе учествуваат 12 политички партии.
Главната изборна трка ќе ја води владејачката Партија за правда и развој (АK Parti), опозициската партија Републиканска народна партија (CHP), Партијата на национално движење (MHP), Партијата Добро (IYI) и Демократска партија на народите (HDP).
Преостанатите седум партии кои ќе учествуваат на изборите се Независната турска партија (BTP), Партијата на големо единство (BBP), Демократската партија (DP), Демократската левичарска партија (DSP), партијата Саадет (Saadet), Комунистичката партија на Турција (TKP) и партијата Ватан.
Болните и неподвижните гласачи ќе гласаат на мобилни гласачки места кои првпат беа применети во Турција на минатогодишните претседателски и општи избори.
Гласачите во Турција денес ќе се избираат кандидати за градоначалници, претставници на локалната власт (мухтари), членови на општинските совети, членови на обласни генерални собранија, членови на селски комисии и селски собранија.
Според одлуката на ЈСК, во Адијаман, Агри, Артвин, Бинѓол, Битлис, Дијарбакир, Елазиг, Ерзинџан, Ерзурум, Газиантеп, Гиресун, Ѓумушхане, Хакќари, Карс, Малатија, Кахраманмараш, Мардин, Муш, Орду, Ризе, Сирт, Сивас, Трабзон, Тунџели, Шанлиурфа, Ван, Бајбурт, Батман, Ширнак, Ардахан, Игдир и Килис, гласањето ќе се одвива од 7:00 до 16:00 часот по локално време, додека во останатите градови и места гласањето ќе се одвива од 8:00 до 17:00 часот по локално време.
За време на гласањето забрането е да се влезе со какви било уреди за снимање и комуникација.
Гласовите не ќе може да се бројат пред затворање на процесот на гласање, односно пред 16:00 и 17:00 часот.
Денес од 6:00 до 24:00 часот по локално време ќе биде забранета продажбата на алкохол, како и служење и пиење алкохол на јавните места.
Сите јавни забавни места како кафулиња, и местата за интернет-кафе ќе бидат затворени, додека во рестораните ќе се служи само храна.
Радиостаниците и другите медиуми до 18:00 часот по локално време не ќе може да објавуваат вести, прогнози и коментари за изборите, како и за резултатите на изборите.
Радиостаниците и другите медиуми во периодот од 18:00 до 21:00 часот ќе може да објавуваат вести и соопштенија на ЈСК во врска со изборите.
Сите емитувања по 21:00 часот по локално време ќе бидат слободни, но со можна одлука на ЈСК, вестите и соопштенијата во врска со изборите ќе може да се емитуваат и пред 21:00 часот.










