Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е подготвена за голема воена операција во Појасот Газа.
Оваа закана доаѓа во време кога Палестинците се подготвуваат во сабота во голем број да излезат на протести долж границата со Израел.
“Ако Израел е принуден да влезе во голема кампања, тој ќе и пристапи од позиција на сила и безбедност, откако ќе ги исцрпи сите други можности”, изјавил Нетанјаху.
Тој истакна дека израелската страна ќе ги преземе сите потребни мерки.
“Го зајакнуваме безбедносниот кордон околу Газа. Активни сме во неколку полиња во исто време”, изјавил израелскиот премиер.
Хамас во Појасот Газа и Израел се судрија оваа недела, поттикнувајќи стравувања за нова војна меѓу двете страни.
Досега се војувале три пати во Газа откако палестинското движење ја презеде власта во 2007 година.











