Претседателот на Република Турција и Партијата на правдата и развојот (АК Парти) Реџеп Тајип Ердоган истакна дека по изборите во неговата земја, Аја Софија ќе биде претворена од музеј во џамија, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
– Знаете дека Аја Спфија од џамија беше превртена во музеј. Ние, по изборите, ако е Господ даде, ќе ја претвориме Аја Софија во џамија повторно и се разбира во таа смисла имаме и некои планови. Ние ќе ги реализираме овие планови “, рекол Ердоган во своето обраќање на митингот во Истанбул.
Тој истакна дека има некои политичари кои сакаат да му се одмаздат.
– Тука е г-дин Кемал (Киличдароглу). Меѓу нив е и Бенјамин Нетанјаху и многу други. Ама јас чекорам со,мојот Ахмет, Мехмет, Ајша, Фатма. Чекориме заедно со народот кој е зад нас – истакнал Ердоган.
Тој додаде дека терористичката организација ПКК сака да му се одмазди на Турција и нејзините власти.
– Затоа што им ја пресековме главата во нашите граници. Исто така, полека ги кршиме и надвор од нашите граници. Го прекршивме терористичкиот коридор што се обидуваа да го градат во Сирија – изјавил Ердоган.
Тој посочи дека терористичката организација ФЕТО сака да му се одмазди на Турција.
“Не само што ги разбивме 40-годишните планови на оваа предавничка банда, туку ги уништивме целосно”, изјавил турскиот претседател.
Во недела, на 31 март, во Турција ќе се одржат 19 локални избори, на кои ќе учествуваат 12 политички партии и 73 независни кандидати за претседател.
Претстојните локални избори се први откако Турција премина од парламентарен во претседателскиот систем на управување, што се случи по претседателските и општите избори што се одржаа на 24 јуни минатата година.
Турција има вкупно 81 провинции, меѓу кои и 30 метрополи, вклучително и Истанбул и Анкара.










