Израел им забрани на Палестинските затвореници да клањаат џума-намаз

0
126

Израелската власт им забрани на Палестинците во израелските затвори да извршуваат џума-намаз, јави агенцијата Анадолу (АА).

Организацијата на палестинските затвореници соопшти дека израелската Управа за затвори денес донела одлука со која им се забранува на сите палестински затвореници да ја извршуваат неделната молитва односно кланање на џума-намаз.

Не се споделени информации за временскиот период за оваа забрана. Според податоците на Унијата на семејствата на палестинските затвореници, израелските сили минатата година лишиле од слобода најмалку 1.600 Палестинци

Во извештајот на организацијата се наведува дека една четвртина од приведените се малолетници и дека меѓу нив најмалку 30 деца на возраст под 14 години.

Според палестинските институции, во израелските затвори има најмалку 6.000 Палестинци, вклучувајќи и 270 малолетни лица.