(Дубаи – Портал) – Холандскиот истражувач Артур Бренд, кој се занимава со уметнички дела, денес изјави дека нашол вредна слика на познатиот сликар Пабло Пикасо која пред 20 години била украдена од саудиска јахта во Франција.
Бренд рече дека сликата „Биста на жена” од 1938 година е во негова сопственост од пред две недели, откако со години трагал по неа во Амстердам, објави АП.
Сликата чија вредност се проценува на 25 милиони евра ја предал на осигурителна компанија.
Бренд рече дека знаел дека тоа е вистинската работа штом ја видел.
„Знаете дека е Пикасо, бидејќи од неа избива некоја магија”, изјави детективот.
Овој Холанѓанец, познат како „Индијана Џонс“ во уметничкиот свет, меѓу другото има откриено чифт бронзени коњи направени за Адолф Хитлер.
Mahir Demişoski










