ТОП ТРАНСФЕР: Лукас Хернандез е новото мега засилување на Баерн Минхен

0
128

(Дубаи – Портал) – Првото име на овогодинешните листа на трансфери на Баерн Минхен е класа играчот, левиот бек на Атлетико Мадрид, Лукас Хернандез, кој ќе ја засили одбраната на германскиот шампион од следната сезона.

Французинот потпиша 5-годишен договор, до 2025- година со најтрофејниот германски клуб.

Бајерн за овој трансфер издвои 85 милион евра, и плата од 13 милиони евра по сезона за французинот, што го прави еден од најплатените играчи во клубот, одма после Роберт Левандовски кој заработува 17, Милер и Боатенг по 16 милиони евра.

Французите тврдат дека на оваа одлука пресудило мислењето на неговиот агент Џовани Бранчини, кој има успешна долгогодишна соработка со клубот од Минхен. Тој им помогнал на Баварците околу доведувањето на Пеп Гвардиола и Лука тони на Алианз Арената.

23-годишниот лев бек, стана дел од Атлетико Мадрид во 2007-година. Оваа сезона одигра 22 натпревари, и постигна еден гол.

Хернандез е роден во Марсеј, каде неговиот татко исто играл фудбал. 4 години подоцна, тој се пресели во Шпанија поради трансферот во Атлетико Мадрид, каде ја одигра целата сениорска кариера. Одличните одиграни натпревари, влијаеа врз мислењето на тренерот на Франфуската репрезентација, Дидиер Дешамп, по што беше повикан за прв пат во 2018-година. Во пријателскиот натпревар против Колумбија, Хернандез го обезбеди своето место како лев бек и веќе е стандарден прво-тимец, на тимот кој стана светски првак во одиграното финале во Русија, со победата од 4:2 против Хрватска.

Mahir Demişoski