Премиерката Ардерн нагласи дека муслиманите од Нов Зеланд имаат потреба од (Дубаи – Портал) – Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во однос на тоа што носеше марама при посетата за сочувство на муслиманската заедница во градот Крајстчрч, по терористичкиот напад во две џамии на 15 март истакна: „Не помислив дека моето носење марама ќе придонесе за зголемување на чувството на доверба кај луѓето“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерката Ардерн, која гостуваше на програмата „The Project“ што ја води муслиманскиот академик и писател Валид Али на австралиската телевизија „Ten Network“, одговарајќи на прашањето зошто при посетата за сочувство на муслиманската заедница носеше марама, рече: „Не размислував многу за тоа, мислев дека е исправно ако го сторам тоа“.
Ардерн, истакнувајќи дека носењето марама придонесе да се зголеми чувството на доверба кај муслиманската заедница, која го живее шокот од терористичкиот напад, додаде: „Не помислив дека моето носење марама ќе придонесе за зголемување на чувството на доверба кај луѓето. Не забележав дека муслиманските жени кои носат марама поради верски причини не се чувствуваат безбедни“.
Ардерн нагласи дека муслиманите од Нов Зеланд имаат потреба од солидарност.
„Мојата обврска е да обезбедам луѓето да се чувствуваат безбедно. Чувствувам тешки болки ако луѓето не се чувствуваат безбедни. Повторното воспоставување на чувството на безбедност е моја одговорност“, истакна Ардерн.
Педесет лица ги загубија животите при терористичкиот напад врз џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, Нов Зеланд, во петокот на 15 март.
Премиерката на Нов Зеланд, со обединувачкиот став покажан по терористичкиот напад, доби позитивни оценки во националната и меѓународната јавност.
Премиерката Ардерн веднаш по нападите се сретна со претставници на муслиманската заедница во Крајстчрч и пренесе сочувство до роднините на оние лица што ги загубија своите животи.
Ардерн, една недела по нападот, присуствуваше на петочната молитва во Крајстчрч.
Ардерн, при самата молитва, го започна говорот со зборовите (хадис) на Божјиот пратеник Мухамед.
„Пратеникот Мухамед рече: ’Верниците едни на други им укажуваат почит, сомилост и симпатии и тие се како едно тело. Доколку еден дел од телото боледува, и другите делови се придружуваат во болката.‘ Нов Зеланд е со вас. Во жалост, ние сме едно“, изјави тогаш Ардерн.
Mahir Demişoski










