Во рамки на заедничката операција на МИТ и Турските сили неурализирани се Риза Алтун, еден од најблиските лица на водачот на терористичката ПКК, како и други лица.
(Дубаи – Портал) – Турските водухопловни сили изведоа напад на упориштето на терористичката организација ПКК на планината Кандил во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамки на заедничката воздушна операција на турската Национална служба за разузнавање (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК) изведена на 21 март, неурализирани се Риза Алтун, еден од најблиските лица на водачот на терористичката организација ПКК, Џемил Бајик, како и други лица кои биле заедно со него.
Во операцијата неутрализирани се и Микаил Оздемир со кодно име „Навдар“, кој е таканаречено одговорно лице за надворешни односи на ПКК, Емрула Дурсун со кодно име „Серхат Варто“, кој е таканаречен портпарол на ПКК, и Али Акташ со кодно име „Синан Сор“, одговорно лице на ПКК за подрачјето на Кандил.

Инаку, МИТ започна со подготовки за операцијата откако дозна дека Риза Алтун ќе одржи состанок во место во Кандил близу границата со Иран. Во овие рамки беа ставени под контрола сите патишта и возила кои би можел да ги користи Алтун.
Беспилотното летало „Бајрајтар TB2“ откри дека терористот Алтун, кој се наоѓа меѓу високите челници на ПКК, заедно со Микаил Оздемир и Емрула Дурсун одат кон селото Абу Бакра во Кандил, кое се наоѓа во близина на границата со Иран. Авионите од типот „Ф-16“ на ТСК ги поставија потребните координати за реализирање на воздушна операција.
По завршување на овие подготовки, во пладневите часови на 21 март координатата откриена од страна на МИТ беше прецизно погодена во воздушната операција.
Како резултат на операцијата, неутрализирани се високи челници на оваа терористичка организација, меѓу кои и терористот Микаил Оздемир кој ги координира надворешните контакти на ПКК, и Емрула Дурсун кој дејствува во таканаречениот Комитет за надворешни односи на ПКК.
Исто така, во рамки на оваа операција тешко повреден е Риза Алтун, кој ги воспоставува меѓународните контакти на оваа терористичка организација во регионот. Алтун во странските медиуми е лансиран како таканаречен „министер за надворешни работи“.
Оваа операција која претставува порака за актерите во регионот, зададе тежок удар врз лицата кои раководат со активностите на оваа терористичка организација во регионот.
Меѓу другото, операцијата за која станува збор покажа дека за ПКК нема спас ниту во местата на планината Кандил, која ПКК ја користи за да се крие од Турските вооружени сили.
– Кој е Риза Алтун?
Риза Алтун е меѓу основачкиот тим на ПКК, и се наоѓа меѓу најблиските лица на Џемил Бајик. Тој во минатото вршеше функции како таканаречено одговорно лице на ПКК за Иран и одговорно лице на ПКК за Европа.
Алтун е и таканаречен член на Извршниот совет на оваа терористичка организација, и е одговорно лице во Политичкиот комитет и таканаречениот Комитет за надворешни односи.
Терористот Алтун воспоставува контакти со меѓународните актери во регионот, а се наоѓа во црвената категорија на листата на терористи по кои се трага на Министерството за внатрешни работи на Турција.
Името на овој терорист се наоѓа и на листата на лица по кои трага Интерпол, и на листата на шверцери на наркотици на САД.
– Кој е Микаил Оздемир?
Микаил Оздемир во 1990 се приклучи на терористичката организација ПКК. Тој најпрвин работеше во единиците на оваа терористичка организација во руралните подрачја, а потоа премина во Кандил, каде што беше меѓу основачките кадри на таканаречените разузнавачки единици на ПКК.
Оздемир беше одговорен за финансиски работи во тимот на Мурат Карајилан, кој се наоѓа во лидерскиот кадар на терористичката организација ПКК, и е еден од најдоверливите имиња на Џемил Бајик.
Тој, исто така, се наоѓа во таканаречениот Комитет за надворешни односи на оваа терористичка организација, и ги координира надворешните контакти на ПКК.
– Кој е Емрула Дурсун?
Емрула Дурсун во 1990-тите години се приклучи на терористичката организација ПКК. Тој има бројни криминални досиеја, како изнудување за терористички цели, кражба и влегување во конфликт со безбедносните сили.
Дурсун извесно време беше член на таканаречениот Извршен комитет на оваа организација, додека во последните години дејствуваше во таканаречениот Комитет за надворешни работи на ПКК.
– Кој е Али Акташ?
Али Акташ во 1978 година се приклучи на терористичката организација ПКК, а од 2009 година досега се наоѓа меѓу високите водачи на оваа организација.
Акташ долго време со кодно име „Синан Сор“ дејствуваше во Русија и Ерменија, а работеше и во насока на трансферирање пари од Европа и Русија во Кандил.
Тој во 2011 година се врати во Ирак и стана таканаречено одговорно лице за царини на оваа терористичка организација, а во 2004 година стана одговорно лице на ПКК за Махмур.
Истата година, Акташ работеше и во Единицата за надворешни работи на терористичката организација ПКК, а во 2017 година дојде во Кандил и стана одговорно лице на ПКК за подрачјето на Кандил.
Mahir Demişoski










