ЕУ од 2022 година воведува систем кој ја ограничува брзината на автомобилите

by Administrator

Во автомобилите ќе биде задолжително вградувањето и на црни кутии кои ќе ги снимаат податоците за време на сообраќајна незгода, со цел подоцна да може полесно да се утврдат сите детали.

(Дубаи – Портал) – Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за нова регулатива според која сите автомобили во ЕУ од 2022 година мора да имаат вграден систем за ограничување на брзината, јавува Anadolu Agency (AA).

Европската комисија (ЕК) соопшти дека во преговорите помеѓу Европскиот парламент и Советот на Европската Унија е постигнат договор за користење на нови безбедносни технологии во автомобилите.

Според новите правила, во земјите членки на ЕУ од 2022 година автомобилите ќе мора да имаат вградено дополнителна безбедносна опрема, како автоматски сопирачки за итни случаи, ограничена брзина, систем за контрола на возењето во лентата и детектор за поспаност, како и сензор-камера за паркирање.

Целта е во значителна мера да се намали бројот на сообраќајни незгоди.

Освен тоа, во автомобилите ќе биде задолжително вградувањето и на црни кутии кои ќе ги снимаат податоците за време на сообраќајна незгода, со цел подоцна да може полесно да се утврдат сите детали.

Mahir Demişoski

You may also like